За нас

Сторијата за успехот на корпорацијата ТИНГ ДООЕЛ изгледа речиси неверојатно. Нејзиниот сензационален раст не е случајност, туку логички резултат на правилни одлуки, храбра визија и иновативни концепти ориентирани кон иднината.

ТИНГ ДООЕЛ успешно ги задоволуува потребите на пазарот во Македонија па и надвор веќе 20 години. Големиот број на услуги надополнети со долгогодишното искуство на 75-те вработени овозможуваат комплетна реализација од проект до финален производ.

ТИНГ ДООЕЛ претставува компанија за проектирање, изработка, инсталација и монтажа, специјализирана е за производство на Процесна Опрема во сегментите на Млечната индустрија, Кондиторската, Винарство, Фармација и Хемија и други производи согласно барањата на клиентите.

Имплементацијата на ISO 9001:2000 стандардот овозможува унапредена перформанса во работењето на компанијата и остварувањето на визиите на клиентите.

Посветеноста во развивање на стратешки ориентирани решенија и достигнување на одлични резултати во сите сфери на делување овозможува задоволување на потребите и очекувањата на клиентите и крајните потрошувачи.

Постојано водиме грижа се што создаваме секогаш да биде дополнителен бенефит за нашите клиенти. На тој начин градиме партнерски релации кои им овозможуваат на нашите клиенти висококвалитетнии услуги и производи како и зголемена профитабилност. Видео за Нас